Мехмети: Сценариото за бојкотот на СДСМ допрва ќе го видиме

Комисијата  за прашања на изборите и именување, во отсуство на опозицијата, денска назначи шефови, членови и нивни заменици кои треба да ја претставуваат земјава во меѓународнте институции, но сепак оставија празни места доколку СДСМ се предомисисли за бојкотот на Парламентот, да предложат свои  членови за позициите.

Пратеничката од  ДУИ, Ермира Мехмети, која воедно беше избрана за шеф на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Северно-атлантската договорна организација, како и за член на македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, упати остра критика  за одлуката на опозицијата  да ја бојкотира работата на Собранието.

„Имам лошо чувство за бојкотот на СДСМ. Ова не е бојкот, туку одбивање на парламентарниот дијалог. Оваа нивна одлука може сериозно да ја попречи евроинтеграцијата на земјава. Дали ова политички пристап, стратегија или сценарио останува да видиме. Ова не е добро за нив, а исто така се загрозува угледот на земјата во овие организации“, истакна Мехмети.

И пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвна Бонева, посочи на негативната импликација од отсуството на опозицијата во државните делегации во меѓународниете организации.

„Сиот изминат труд што го вложиле досегашите парламентарни групи може да падне во вода, доколку опозицијата не се врати и заеднички да се бориме за позитивниот извештај на Македонија. Како делегации ќе бидеме хендккепирани ако одиме без опозицијата. Не знам како ќе и се спротивставме таму на грчката делегација, ако СДСМ и понатаму ја бојкотира работата на Собранието. Само ако единствено се бориме за заеничка цел, правиме добро за земјава“, истакна Бонева, која ги повика опозициските колеги да ги сфатат сериозно чекорите што ги преземаат.