Меј: Гласањето за договорот за брегзитот во третата седмица од јануари

43

Британската премиерка Тереза Меј објави во понеделникот дека во третата седмица од јануари следната годи а има намера на британскиот парламент да му го понуди на гласање договорот кој за условите за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија го договори во Брисел.

На британските пратеници премиерката Тереза Меј им кажа во понеделникот дека трага по начинот да го зајакне влијанието на британскиот парламент преку таканаречениот „бекстоп“, резервното решени за осигурување на отвореноста на границата меѓу Република Ирска којашто е дел од Европската унија и Северна Ирска, којашто е покраина на Обединетото Кралство.

Меј, според соопштението од нејзиниот кабинет, има намера во обраќањето во парламентот да ги осуди сѐ почестите повици во Велика Британија да биде организиран втор референдум за брегзитот, претставен како можно решение за политичкиот ќорсокак кој се создаде со неприфаќањето на договорот за раздружувањето со Европската унија.

„Да не ја изневериме довербата на британскиот народ обидувајќи се да организираме нов референдум за брегзитот“, била пораката на британската премиерка до пратениците во Долниот дом од британскиот парламент. Новото гласање би „придвижило непоправливи штети за потполноста на нашиот политички живот“. Тој втор референдум „веројатно нѐ би е придвижил нанапред и дополнително би ја поделил нашата земја во моментот кога работиме на обединување“, додала Меј.

На 13-ти јуни 2016 година на референдумот за британското напуштање на ЕУ, 52 отсто од гласачите се изјаснија за брегзитот. Тој треба да биде спроведе ноќта на 29-ти март 2019 година, но договорот за раздружувањето беше склучен во ноември со Брисел по тешките преговори не ги увери пратениците од разните политички ориентации, без разлика дали се поборници на брегзитот без отстапки или се за останувањето во Унијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.