Меј им порача на британските пратеници дека ЕУ нема да се согласи на промени во договор за брегзитот

Челниците на Европската унија нема да се согласат со промени во постојниот договор од условите за истапувањето на Велика Британија од сојузот, на кој инсистираат британските пратеници, изјави во понеделникот во долниот дом на парламентот, премиерката Тереза Меј, коментирајќи го барањата претходно поставени од законодавците за ограничување на рокот на важноста на ткн „бекстоп“, им порача уште еднаш да го проучат договорот за брегзитот кој го постигна по мачни преговори со Брисел истовремено одбивајќи ги и барањата за одложување на излегувањето од ЕУ.

Британските парламентарци досега детектираа десетина проблеми кои ги носи договорот во моменталната негова форма, а меѓу нив е и ткн „бекстоп“, привременото решение кое гарантира отворени граници на ирскиот остров, но ја става Северна Ирска во малку поинаков трговски аранжман отколку остатокот од Обединетото Кралство. Станува збор за режим на своевидна поддршка на останувањето на Северна Ирска во рамките на единствениот пазар и царинската унија со ЕУ со цел да се избегне повторното воведување погранична инфраструктура со Република Ирска која е членка на Унијата, како една од мерките кои придонесоа за постигнувањето на примирјето на ирскиот остров. Парламентарната комисија тврди дека Меј го избегнала носењето одлука за идните трговски односи со ЕУ, што значи дека ќе следат дополнителни, долготрајни преговори.

„Знам дека некои парламентарци во идеалната варијанта би претпочитале постоење едностран механизам за излез (од ЕУ) или строго ограничен период на дејството на „бекстоп“. Го објаснив ова во Европската унија и го ставив на преразгледување овој став во преговорите. Меѓутоа, ЕУ со тоа нема да се согласи, бидејќи таму стравуваат дека таквата мерка би можела да му овозможи на Обединетото Кралство да се повлече од ‘бекстопот’ во секој момент без какви и да се други постојни механизми и ќе бара воведување на цврстата граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска“, појасни британската премиерка Тереза Меј.

Меј призна дека целосно е свесна за фактот дека „новите гаранции“ од страна на ЕУ „не се проширени толку далеку, колку што би сакале“, меѓутоа според неа „откажувањето од ‘бекстопот’ генерално значи излегување (од ЕУ) без договор“. „Каков облик на идните односи би сакале да видите, од Норвешка до Канада и кое и да е друго од бројот опции, сите тие бараа договор за излез, а секој договор за излегувањето ќе содржи ‘бекстоп’. И тоа нема да подлежи на измени, без оглед на тоа како утре парламентот ќе гласа“, рече британската премиерка.

Пораката на Меј, чијшто кабинет претходно во понеделникот објави исечоци од нејзиното обраќање, се случи ден пред клучното гласање во парламентот, при што претставниците во Долниот дом или ќе мораа да го потврдат постигнатиот договор за брегзитот или да го отфрлат. Според процените на политичките аналитичари, последната варијанта се чини речиси неизбежна.

Според една од одредбите од договорот за брегзитот, Северна Ирска ќе остане во рамките на единствениот пазар на ЕУ и во царинската унија во текот на целиот транзициски период по излегувањето на 29-ти март, истовремено одржувајќи го отворен пристапот до британскиот пазар,. Според противниците на оваа идеја, тоа ќе доведе до нарушување на интегритетот на Обединетото Кралство.

„Им порачувам на пратениците од двете страни на парламентот, што и да сте заклучиле, во следните 24 часа да го проучите договорот уште еднаш“, рече Меј. Премиерката заклучи дека договорот „не е совршен“ и дека е резултат на компромиси.

Уште еднаш го отфрли барањата на некои пратеници да го одложи излегувањето од ЕУ на земјата, за да се даде повеќе време за постигнување консензус или за да се одржи нов референдум. „ЕУ ќе ја напуштиме на 29-ти март. Верувам дека поради нашата демократија е важно да ги спроведеме резултатите од референдумот од 2016-та“, додаде Меј.

Претходно во понеделникот претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер упатија заедничко писмо до британската премиерка Тереза Меј, со коешто се обидуваат да помогнат во убедувањето на британските пратеници да гласаат за договорот за истапувањето од ЕУ. Во отвореното писмо, двајцата челници покрај тоа што детално го објаснуваат пристапот на Брисел кон главниот нерешен проблем од договорот, односно режимот на контрола меѓу Република Ирска и Северна Ирска по брегзитот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.