Меј: Можен е договор прифатлив за парламентот, без гласање седмицава

76

Британската премиерка Тереза Меј во вторникот изјави дека верува оти може да постигне договор за брегзитот кој би го поддржал парламентот и ќе овозможи на Велика Британија излегување од Европската унија на 29-ти март, но дека за договорот нема да се гласа оваа седмица.

Меј на парламентот му порача дека не гледа останување во царинската унија, што го предложи челникот на опозициските лабуристи Џереми Корбин, како начин на осигурување на договорот. Меј во одговорот на предлогот на челниците на опозицијата во неделата истакна дека Лондон мора да може да склучува свои сопствени трговски договори по брегзитот.

„Разговорите се во клучна фаза и сега мораме да останеме смирени за да ги добиеме промените кои ги побара овој Дом и да обезбедиме брегит на време, Со добивањето на измените за ‘бекстопот’, заштитата и подобрувањето на работнитечките права и еколошките мерки, како и зајакнување на парламентот во следниот круг од преговорите, верувам дека можеме да постигнеме договор кој овој Дом можќе да го поддржи“, порача премиерката Меј во вторникот.

Меј работи на промени од договорот кој го постигна лани ноември со Брисел, но кој британските пратеници го отфрлија, главно поради ткн „бекстоп“, заштитниот механиам чија цел би била избегнување на повторно воспотсавување на гранична контрола меѓу Република Ирска која е членка на ЕУ и Северна Ирска која е покраина на Обединетото Кралство.

Премеирката рекла дека за разговорите со Брисел ѝ е потребно уште малку време, па поради тоа гласањето нема да се одржи оваа седмица, откри за медиумите нејзината портпаролка.

Skin Delight