Меј: Нема да ги менувам резултатите од референдумот, ниту ќе ја разбивам Британија

Британската премиерка, Тереза Меј изјави дека ЕУ мора да излезе со алтернатива на нејзините предлози за Брегзит, предупредувајќи дека никогаш нема да се согласи да го растури Обединетото Кралство.

Нема да ги менувам резултатите од референдумот, ниту ќе ја разбивам мојата земја. Потребен ни е сериозен ангажман со цел да ги решиме двете главни прашања во преговорите и ние сме подготвени,  рече Меј.

Говорејќи ден откако водачите на ЕУ ги отфрлија клучните делови од нејзините предлози за Брегзит, Меј рече дека преговорите влегле во ќорсокак.

Според неа, најдобриот резултат на преговорите ќе биде напуштањето на Унијата со спогодба на Лондон и Брисел, но дека излезот без договор би бил подобар од лош договор.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.