Меј попладнево ќе им се обрати на пратениците

Британската премиерка Тереза Меј ќа му се обрати на парламентот за состојбата на преговорите за напуштањето на Европската унија во четвртокот попладнето, откако во Брисел е постигнат договор за нацртот на политичката декларација за идните односи по раздружувањето, објави британската влада.

„Премиерката ќе му се обрати на парламентот подоцна во текот на денот“, изјави министерката задолжена за односи со парламентот, Андреа Лидсом.

Преговарачите на Европската унија и на Велика Британија постигнаа договор за нацртот на политичката декларација за идните меѓусебни односи по излегувањето на Обединетото Кралство, потврди претходно во четвртокот претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Декларацијата, чијшто текст е составн на 26 страници, претставува подлога за преговорите за идните односи.

Британската премиерка Терезе Меј ја извести својата влада за ситуацијата и состојбата на преговоорите, но нејзиниот портпарол предупреди дека не може да се договори конечниот договор пред самитот на Европската унија, којшто ќе се одржи во недела. Извори од британската влада за медиумите наведуваат дека останува нерешено прашањето на Гибралтар.

Нацрт-договорот за раздружувањето уште претходно е договорен на ниво на преговарачите. Паралелно со договорот за брегзитот, се носи и политичката декларација за идните односи, коишто формално ниту може да започнат пред Велика Британија да стане „трета земја“ во однос на Европската унија, по вечерта на 29-ти март 2019 година.