Меј порача дека брегзитот нема да биде одложен

Британската премиерка Тереза Меј изјави во средата дека нејзината влада не го променила својот став и оти не сака да го одложи датумот за брегзит 29-ти март, кога Велика Британија треба да ја напушти Европската унија.

„Многу е јасно дека позицијата на Владата, од кога сме го покренале членот 50, е дека имаме времески рок од две години, кој се завршува на 29-ти март, и ние работиме на тоа“, рече Меј.

Шефот на британскиот преговарачки тим за брегзит Оли Робинс изјави претходно во средата дека британските пратеници ќе се соочат со избори меѓу договор, кој го договорила премиерката Меј или со понуден период за спроведување на членот 50 од Лисабонскиот договое со кој е формирана ЕУ.