Меј предупредува дека со нејзиното заминување би се загрозил брегзитот

Британската премиерка Тереза Меј во среадата рече дека ќе се бори и натаму да остане на чело на Конзервативната партија, порачувајќи дека со промената во овој момент би се одложило па дури и загрозило планираното истапување на Велика Британија од членството во Европската унија.

Останаа уште помалку од четири месеци до 29-ти март, денот кога официјално Обединетото Кралство ќе излезе од ЕУ, а процесот популарно наречен брегзит влезе во ќорсокак, а британските пратеници не сакаат да го поддрќат договорот постигнат со Брисел кој и го иницираше бунтот меѓу конзервативците на премиерката Тереза Меј.

Говорејќи пред резиденцијата во Даунинг Стрит, повеќе од еден час како што истакнуваат британските медиуми, откако е нанајвено гласањето за довербата, премиерката Меј, дека ќе се бори за своето водство со сите расположливи средства. Ги предупреди поборниците на брегзитот во нејзината партија дека доколку таа биде соборебна, ислегувањето од ЕУ би било одложено, па дури и запрено.

„Новиот челник не би бил на функција до правниот рок 21-ви јануари, па изборите за водството би создале ризик од предавање на контролата над преговорите за брегзитот на опозициските парламентарци… Новиот лидер не би имал време повторно да преговата за договорот за излегувањето и да го спроведе низ парламентот до 29-ти март. Па една од првите одлуки коишто би требало да ги донесе би били продолжување или укинување на Членот 50, одложување или дури запирање на брегзитот кои луѓето сакаат да го спроведеме“, изјави премиерката Меј.

Греам Бреди, челникот на таканаречениот Кимитет 1922 на конзервативците, истаканм дека границата од 15 отсто од пратениците на партијата потребни за покренување на постапката е надмината. Постапката за закажување на седница на којашто се гласа недоверба на британскиот премиер се одвива според процедурата која предвидува пратеници да му упатат писмо на претседателот на ткн Комитетот 1922 во кое се бара такво изјаснување, под услов 15 отсто од претствниците во Долниот дом да упатат такво писмо. За отповикувањето на Меј од должноста потребни се 48 писма од парламентарците.

Гласањето ќе се одржи подоцна во средата, меѓу 19 и 21 часот по македонско време во просториите на Долниот дом на парламентот, по што веднаш ќе бидат познати резултатите, откри Бреди. Меј може да биде соборена доколу 158 од нејините 315 пратеници гласаат против неа.