Меј преговара со пратениците за измени во „планот Б“ за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј води преговори со претставници на пратениците во Парламентот во Лондон, посветени на измени во нејзиниот „план Б“ за Брегзит, со цел да обезбеди парламентарна поддршка за предлогот, соопшти денеска портпарол на Даунинг Стрит 10.

Тој истакна дека Меј ќе мора да прифати промени во нејзиниот „план Б“, доколку сака да ја добие поддршката од пратениците и да спречи Брегзит без договор.

Според најавите, Меј денеска до Парламентот треба да го достави својот „план Б“ за истапувањето на Велика Британија од ЕУ, откако пратениците минатиот вторник го отфрлија Договорот за Брегзит, што нејзината Влада го постигна со Брисел.

Претседателката на Долниот дом на британскиот Парламент, Андреа Лидсом, во четвртокот најави дека гласањето по „планот Б“ за Брегзит би требало да се одржи на 29-ти јануари, но портаролот на Меј денеска истакна дека Владата ќе побара да се гласа по предлогот дури откако ќе биде уверена дека може да добие поддршка за него.