Меј се соочува со целосно уривања на нејзината влада

Неколку министри во владата на британската премиерка Тереза Меј многу веројатно може да поднесат оставки како резултат на несогласувањето со условите за истапувањето на земјата од Европската унија, а истовремено нејзините конзервативци се двоумат дали таа повторно ќе ги води, доколку се реши за распишување предвремени избори.

„Британската премиерка Тереза Меј је соочена со целосно уривање на владата, доколку не успее да го протукра своја измачен договор за брегзитот во парламентот, пишува британскиот неделник пишува во неделата магазинот The Sunday Times. во моментот на сѐ посилните шпекулации дека премиерката може да побара одржување предвремени избори.

Весникот укажувајќи на тешкиот избор со кој се соочува Меј во решавањето на проблемот со истапувањето од ЕУ, наведува дека најмалку шест проевропски министри најавиле оставки, доколку премиерката се одлучи за брегзит без договор. Од друга страна, пак, министрите кои се залагаат за брегзитот по секоја цена, се закануваат со излегување од владиниот кабинет доколку Меј се реши да остане во царинската унија со ЕУ или, пак, ако побара подолго одложување на брегзитот, пишува The Sunday Times.

Исто така, весникот го наведува и текстот од писмото на министерката за имиграции, Каролин Нокс, во која истакнува дека „договорот на Меј е мртов и остуството на брегзит е многу подобро отколку целосен неуспех (прифатента варијанта на премиерката при излез ЕУ)“.

Стратегијата на премиерката Меј за напуштањето на ЕУ се распадна откако договорот кој по две години преговори ланскиот ноември го испреговара со Брисел во петокот и по третпат беше одбиен во долниот дом на британскиот парламент, на 29-ти март – денот кога Британија требаше да ја напушти Унијата. Речиси три години откако Британците гласаа со 52 отсто „за“ и 48 проценти „против“ за напуштањето на ЕУ по 46 години членство, не е јасно како брегзитот ќе изгледа, па ниту дали воопшто и ќе се случи.

Меј сега има помалку од две седмица да ги убеди челниците на 27-те земји членки на ЕУ дека може ситуацијата со брегзитот да ја извади од ќорсокакот. Во спротивно, ќе мора да побара подолго одложување или Обединетото Кралство да го изведе без договор кои би требало да ги ублажи економските последици од раздружувањето.

Весникот The Daily Telegraph претходно објави дека Меј има намера следната седмица по четврти пат пред пратениците да го постави договорот за условите за излез од ЕУ. Според неговите сознанија, доколку пратениците во Долниот дом повторно го отфрлат нејзиниот договор со Брисел, Меј може да иницира предвремени парламентарни избори.

Весникот The Mail on Sunday пишува дека советниците на премиерка Меј се поделени околу тоа дали таа може да повика на предвремени избори доколку не добие поддршка за својот договор во парламентот. Весникот наведува дека во вторник парламент можеби би можел да одржи гласање на коешто би гласање меѓу нејзиниот договор и алтернативното решение кое во понеделникот ќе добие најсилна поддршка.

Во првиот круг од необрзувачкото гласање во парламентот за алтернативните решени, најголема поддршка но и натаму без мнозинство доби одржувањето нов референдум и станување во царинската унија со ЕУ. Тоа значи дека предвремените парламентарни избори би можело да се свикаат најрано во среда, оценува весникот.

Предвремените парламентарни избори би морале да ги поддржат две третини од пратениците во парламентот, а весникот The Observer наведува дека Ториевците од Конзервативната партија се двоумат дали на Меј да ѝ досволат да ги предводи на новите избори, откако го загуби мнозинството на изборите во 2017 година, па нејзината малцинска влада управува со поддршката од малата северноирска Демократска унионистичка партија (DUP). Имено, анкетата на The Mail on Sunday ѝ дава предност од 5 отсто на опозициската Лабуристичка партија пред конзервативците. The Sunday Telegraph, пак, наведува дека истакнатите членови на Конзервативната партија не сакаат Меј, додека војува со парламентот околу брегитот, да ги води на новите избори, стравувајќи дека поради тоа партијата би можела да биде збришана на изборите.