Меј ветила оставка ако парламентот го одобри нејзиниот договор за брегзитот

Премиерката Тереза Меј им ветила на поборниците на излегувањето на Велика Британија од Европската унија од редовите на нејзината Конзервативна партија, дека ќе поднесе оставка доколку Долниот дом го одобри договорот за брегзитот кој таа со големи маки го испрговара со Брисел ланскиот ноември, објави во понеделникот телевизијата iTV.

Телевизијата се повикува на наводи од, според неа, сигурни извори запознаени со содржината на разговорите на состанокот на премиерката со членовиот на владиниот кабинет и влијателни конзервативни евроскептици одржан во неделата во една од резиденцијата на премиерката надвор од Лондон.

Влијателниот британски телевизиски водител Роберт Пестон изјави дека добил информации оти Меј на споменатиот состанок истапила со информација за сопствената подготвеност да ја напушти должноста доколку биде одобрен нејзиниот договор пред водечките претставници во кампусот на евроскептиците во парламентарната фракција на владејачката Конзервативна партија, меѓу кои се и поранешниот шеф на дипломатијата Борис Џонсон, поранешниот партиски челник Иан Данкан Смит, поранешниот министер за брегзитот Дејвид Дејвис, познатиот парламентарци Џејкоб Рис-Мог и други политичари кои присуствувале на средбата.

Сепак, според мислењето на Пестон, дури и можната поддршка на договорот од поддржувачите на Рис-Мог, обединети во таканаречената European Research Group (ERG) и десет пратеници од сојузничката на Ториевците малата северноирска Демократската унионистичка партија (DUP), сѐ уште не можат да обезбедат доволна поддршка за премиерката Меј за нејзиниот договор во парламентот, доколку поранешниот заменик министер за брегзитот, Стив Бејкер, и другите пуритански пратеници од редовите на Ториевците и натаму истапуваат против постигнатиот договор.

Истовремено министерот за труд и пензиски систем, Амбер Рад, во понеделникот им изјави на новинарите дека Меј не треба да ја напушти функцијата премеир. Рад рече дека смета оти премиерката „прави сѐ исправно, размислувајќи за националните интереси и се обидува да стави крај на хаосот“ во врска со брегзитот со спроведувањето на нејзиниот договор преку парламентот.

Британскиот дневен весник The Daily Telegraph објави во понеделникот дека премиерката Тереза Меј планира да му понуди на парламентот можноста до крајот на седмицава да спроведе серија гласања за неколку верзии за спроведување на брегзитот. Посебно, на пратениците во Долниот дом може да им биде понуден избор меѓу одржување втор референдум, откажување од брегзитот, истапување од ЕУ без договор и зачувување на членството на Британија во царинската унија на ЕУ и на заедничкиот европски пазар.

Подоцна во понеделникот британските законодавци, исто така, ќе мора да гласаат за голем број измени и дополнување на владиниот предлог за чекорите коишто има намера да ги преземе за спроведувањето на брегзитот.

Долниот дом на британскиот парламент веќе двапат, на 15-ти јануари и на 12-ти март го отфрли нацрт-договорот, а минатиот четврток 27-те шефови на држави и влади на земјите членки на ЕУ донесоа едногласна одлука на самитот Брисел за суспендирање на брегизотот врз основа на две можни сценарија. Имено, брегзитот ќе биде одложен до 22-ри мај, пред изборите за Европскиот парламент, доколку британскиот парламентго одобри договорот со Брисел до крајот на март, односно од закажаниот датум 29-ти март на 31-ви март, или до 12-ти април доколку овој договор и по третпат не биде одобрен од пратениците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.