Меј за неуспешните преговори го обвини неединството на лабуристите за брегзитот

Британската конзервативна премиерка Тереза Меј рече во петокот дека главната причина за пропаднатите преговори со опозициските лабуристи е тоа што тие немаат единствен став за брегзитот, по што раздружувањето на Обединетото Кралство од Европската унија повторно е во хаос, на што реагираа прмиерите на Ирска и на Холандија.

Тереза Меј рече дека се сосгласува со челникот на лабуристите, Џереми Корбин, дека во преговорите коишто траеја шест седмици, дошле до поместување.

„Постојат сфери во коишто успеавме да пронајдеме заеднички точки. Но други проблеми се покажаа како потешки. Особено не можевме да го заобиколиме фактот што меѓу лабуристите не постои единствен став за тоа дали треба да се спроведе брегзитот или да се одржи втор референдум кој би можел да го поништи“, рече британската премиерка на собирот на Конзервативната партија во Бристол.

Двете земји членки на Европската унија, Ирска и Холандија во петокот реагираа на хаотичната состојба со британското истапување.

Ирскиот премиер Лео Варадкар рече дека неуспехот на преговорите на двете водечки британски партии кои требаа да го изнајдат моделот за излегувањето од ЕУ со поддршката на мнозинството пратеници претставува негативен исход. „Тоа е сериоен, за жал и негативен исход“, реле Варадкар за ирската јавна теелвизија RTE.

Холандскиот премиер Марк Руте, пак, рече дека брегзитот како идеја во соновите е погрешна и дека предизвикува хаос и очај во Велика Британија.

„Мслам дека севкупниот концепт на брегзитот е погрешен. Води кон огромен хаос и очај во Обединетото Кралство. Тоа е факт“, рече холандскиот премиер за новинарите во Хаг.

Меј на 2-ри мај ги отвори преговорите со лабуристите, надевајќи се дека ќе успее да обезбеди поддршка за својот договор со ЕУ за брегзитит, но двете партии не успеаја да се договорат поради големите разлики во ставовите како што е барањето на лабуристите да се остане во царинската унија по брегзитот. Премиерката во четвртокот најави дека би можела да се повлече од должноста челничка на конзервативциет на почетокот од јуни, откако повторно не успеа да ја добие поддршка за својот договор со Брисел, кој веќе трипати беше отфрлан во парламентот.