Мекгрегор го понуди со виски Нурмагомедов

Ирскиот ММА борач Конор Мекгрегор направи спектакл од прес конференцијата во Њујорк на кој е претставен неговиот нов договор со УФЦ, како и големата борба против Хабиб Нурмагомедов. Освен стандардните закачки и закани, Ирецот на рускиот борач му понуди и виски. Мекгрегор со новиот договор доби право кога ќе настапува да го рекламира своето виски Proper Whiskey, па тој уште на прес конференцијата го промовираше својот производ.

Двајцата шампиони ќе имаат жестока пресметка во октагонот на 6 октомври, а изминатава вечер го имаа првото соочување пред мега спектаклот кој со нетрпение го очекува цела спортска јавност. И Мекгрегор и Нурмагомедов со посебни амбиции влегуваат во борбата, но традиционално, погласен од својот ривал на соочувањето беше лудиот Ирец кој со провокации и жестоки пораки се обидуваше да го омаловажи Русинот.

Зошто не пиеш? го прашал Мекгрегор, а Русинот од Дагестан му одговори: Не пијам, никогаш не пијам.

Тогаш Ирецот рече дека логото на неговото виски ќе биде на патосот од октагонот заедно со крвта на Нурмагомедов оти ќе биде мртов кога ќе го дофати. По ова двајцата борачи разменија и повеќе закани, па дури и менаџерот Али Абдел Азиз во еден момент им се развика на двајцата.

Русинот, сепак, беше посмирен во цеелиот хаос, но не остана без зборови.

По оваа борба Мекгрегор ќе се врати на боксот. Тој мисли дека вискито ќе му помогне?, рече Русинот.

Ирецот не се бореше во октагонот две години , па поради неактивност му беше одземен УФЦ шампионскиот појас во лесна категорија. Мекгрегор потоа се опроба во боксот, па во август лани боксуваше против легендарниот шампион Флојд Мејведер во еден од најплатени бокс мечеви во историјата.

Мекгрегор ги заостри односите со Русинот во април годинава во Њујорк, кога пред еден од УФЦ викендите Ирецот заврши во затвор откако го демолираше автобусот во кој беше Нурмагомедов.

Благодарен сум на овој човек поради тоа што не се симна од автобусот. Ако го направеше тоа, тој сега ќе беше мртов, а јас ќе бев во затвор, изјави Мекгрегор.