Мекгрегор пак направи метеж пред мечот со Нурмагомедов

Ирецот Конрад Мекгрегор се обиде со нога да го удри Хабиб Нурмагомедов на официјалното мерење пред утрешниот меч во Лас Вегас.

Во преполната арена „Т-Мобиле“ пред 20.000 гледачи Мекгрегор во својот стил ја подигна публиката на нозе, додека самоуверениот Рус ја заврши работата без збор, а потоа застана пред неговиот противкандидат. Театаралниот Ирец вербално почна да го провоцира противникот, а во еден момент дури и се обиде да го удри со нога.

Според вагата, Нурмагомедов има точно 70 килограми, а Мекгрегор 69,80.

Последната УФЦ борба Ирецот ја имаше во ноември 2016 година кога го победи Еди Алварез и ги обедини титулите во лесна и перолесна категоријата. Поради неактивност му беа одземени двете титули, а Русинот сега е шампион со 26 победи по ред, најдолгата серија во историјата на ММА.

Мекгрегор и Нурмагомедов треба да влезат во октагон утре околу 6 часот.