Меккензи Скот донираше уште 2,7 милијарди долари

Милијардерката Меккензи Скот, поранешната сопруга на основачот на „Amazon“, Џеф Безос, донираше уште 2,7 милијарди долари за хуманитарните организации.

Скот на својот блог објави дека сака да ги донира парите на оние „коишто историски биле недоволно финансирани и запоставени“.

Избрала 286 организации кои се занимаваат со уметност, образование и борба против расната нееднаквост.

Меккензи Скот е една од најбогатите жени на планетата. Голем дел од нејзиното богатство го стекна во 2019 година, по разводот од Џеф Безос, моментално најбогатиот човек на светот. Во бракоразводната парница доби 4 отсто од акциите на „Amazon“, затоа што во 1994 година помагала во покренувањето на овој сега технолошки гигант и најголема интернет продавница.

Во декември 2020 година Скокт објави дека за само четири месеци донирала повеќе од четири милијарди долари на хуманитарните организации со кои управуваат жени, на ткн банки на рхана и на колеџите за афроамериканската заедница.

И покрај огромните донации, Скоте е на 22-то место на листата најбогати луѓе на светот на магазинот Forbes, со богатство проценето на 59,5 милијарди долари.