Мекманаман најави спектакуларно враќање на Клоп во Бундеслигата

67

Јирген Клоп според многумина во моментов е еден од најдобрите, ако не и најдобар светски тренер.

Германецот успеа да го направи тоа кои многу трнери пред него не успеаја, да го врати Ливерпул во врвот на Премиер лигата, а годинава веројатно по 30 години чекање ќе биде освоена и титулата во англискиот шампионат.

Поранешниот англиски репрезентативеци член на Ливерпул, Стив Мекманаман, верува дека Клоп ќе се врати во Германија и ќе го преземе Баерн Минхен.

– Можам да замислам како се враќа во Германија и го презема Баерн. Начинот на кој се води тој клуб и начинот на кој на него гледаат германските тренери ми кажува дека неговото заминување таму е реално. Баерн сега има одлични играчи, искусни, но и млади и талентирани, -изјави Мекманаман.

Како и да е, овие зборови на Мекманаман барем во моментов изгледаат како „невозможна мисија“ со оглед на фактот што Клоп многупати потврдуваше дека е среќен в Ливерпул, а од неодамна Баерн Минхен му  понуди тригодишен договор на Ханси Флик кој откако седна на клупата на „баварците“ има само позитивни резултати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.