Мексиканска пејачка се соблекла и ги покажала градите во емисија во живо, па водителот морал да се извини (ВИДЕО)

Познатата мексиканска пејачка и актерка Ниурка Маркос, на изненадување на сите гости во емисијата „De Primera Mano“ одлучила да се разголи и да ги покаже градите преку видео повик.

Режијата успеала брзо да изреагира, па веднаш го сменила кадарот, а водителот Густав Адолфо Инфанте на крајот на емисијата им се извинил на гледачите. Тој додал дека никогаш не би му паднало напамет дека ќе се случи вакво нешто.

Инаку Ниурка во емисијата раскажувала настани од одморот на познатата нудистичка плажа Зиполите во Мексико, каде се фотографирала топлес и ги објавувала фотографиите на социјалните мрежи. Сепак, објавите морала да ги цензурира.

Маркос е позната во јавноста по учествување во „Big Brother Mexico“ во 2004 година, а зад себе има 3 брака и 3 деца.