Мексико го поддржал планот на Трамп за измена на правилата за азил

Претстојната влада на Мексико се согласила да го поддржи планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за измена на пограничните правила, според коишто барателите на азил ќе чекаат во Мексико додека американските судови не ги процесуираат нивните правила, пишува во саботата дневниот весник The Washington Post.

Повикувајќи се на мексикански функционери и соработници на новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, весникот The Washington Post пишува дека споменатиот договор ќе ги измени правилата за азил коишто долго се на сила и ќе постави нова пречка пред имигрантите од Централна Америка, кои се обидуваат да стасаат во САД бегајќи од сиромаштијата или теророт во нивните татковини.

Олга Санчез Кордеро, идната мексикански министерка за внатрешни работи кој ќе ја преземе должноста на 1-ви декември, во порака за весникот рекол дека планот познат под називот „Останување во Мексико“ е краткорочно решение. Идниот земник во истото министерство, Зое Робледо, пак, истакнал дека на овој план сѐ уште се работи. Потврдил дека со нив всушност се предвидува престој на имигрантите во Мексико додека им се обработуваат нивите барања, како и дека идната влада сака да им најде работа во секторите во коишто има недостиг од работна сила.

„Имаме цел кон тоа дека луѓето кои ги напуштаат своите држави од безбедносни причини, да можат да го пронајдат животот во Мексико, доколку така одлучат“, рекол Робледо.

Избраниот претседател Лопез Обрадор вети дека ќе направи обиди да ги елиминира причините за имиграциите, создавајќи нови работни места и подобрувајќи ги животните услови во Мексико и во Централна Америка.

„Решението на среден и долг рок е луѓето да не мигрираат. Мексико ги шири рацете за сите, но замислете, еден карван по друг, тоа за нас би претставувало проблем“, рекла, пак, идната министерка Кордеро.

Американскиот весник пишува дека според контурите на планот, барателите на азил на границата ќе мора да чекаат во Мексикот, додека во САД и се процесуираат случаите, со што потенцијално ќе заврши системот кој актуелниот американски претседател Доналд Трамп го нарекува „Фати и пушти“ и кој досега им овозможуваше на оние кои бараат азил да чекаат на американска територија и главно да не се појават на судот кој одлучува за азилот.

Белата куќа и официјално Мексико сѐ уште не го коментираа пишувањето на The Washington Post за планот за кој весникот тврди дека е осмислен минатата седмица во Хјустон во текот на средбата на Марсело Ебрард, идниот мексикански министер за надворешни работи и високите американски функционери меѓу кои државниот секретар Мајк Помпео и министерката за внатрешна безбедност Кристјен Нилсен.

Претседателот Трамп бара начини како да ги запре илјадниците имигранти од Централна Америка кои последните месеци организирано во огромни карвани тргнуваат кон САД, па нареди имигрантите кои илегално влегуваат на американска територија да ги загубат квалификациите за азил. Американски судија привремени претходно седмицава ја суспендираше оваа одлука.