Мексико и Полска по 44 години ќе ги одмерат силите во Катар

Мексико и Полска по 44 години ќе ги одмерат силите на Светското првенство во Катар. Австралискиот судија Крис Бит ќе го суди натпреварот од групата Ц.

Последен пат двата тима се сретнале во Аргентина во 1978 година. Полска го совлада Мексико со резултат 3:1.

Мексико на 17-те светски првенства на кои учествуваше двапати стигна до четвртфиналето. Полска двапати го освои третото место.

На стадионот „Ал Бајт“  вчера се одржа церемонијата на отворање на еден од најголемите спортски настани во светот на кој ќе се натпреваруваат 32 репрезентации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.