Мексико и САД близу договор за нова NAFTA

Мексико и САД се близи склучувањето на прелиминарен договор за новата Северноамериканска спогодба за слободната трговија (North American Free Trade Agreement – NAFTA), кој потоа би бил упатен на потпис на третиот партнер од договорот – Канада, изјави главниот мексикански преговарач.

Мексиканскиот министер за економија, Илдефонсо Гвахардо, изјави дека се надева оти „во следните неколку часа или денови“ ќе ги заклучи билатералните разговори со американскиот трговски претставник Робер Лајтизер. Двете страни во Вашингтон влегуваат во петата седмица од преговорите.

„Би можело да се случи оваа седмица да завршиме се’ на релација САД – Мексико. Канада допрва треба да се вклучи во процесот, не смееме да брзаме, но блиску сме“, изјави Жезус Сеаде, специјален пратеник на новоизбраниот мексикански претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на преговорите за NAFTA-1.

Ја издвои во тој контекст спорната клаузула којашто ја предлагаат САД, а предвидува ревизија на договорот на секои пет години. Мексико и Канада се противат на овој предлог. Сеаде, иста така, изјави дека е оптимист во поглед на постигнување на договорот за новата NAFTA, пред зацртаниот рок на 29-ти август.

САД и Мексико сакаат да го потпишат договорот пред сегашниот мексикански претседател Енрике Пења Нието да му ја предаде должноста на Обрадор на 1-ви декември. За тоа да се оствари, американскиот Конгрес мора да биде известен 90 дена однапред.

Главната преговарачка од канадската страна, Кристија Фриленд, изјави дека е охрабрена од постигнатиот напредок. Трите земји преговараат веќе цела година за да го спасат договорот за слободна трговија, кој американскиот претседател Доналд Трамп го смета за катастрофален за неговата земја. Договорот NAFTA, инаку, е на сила речиси 25 години.