Мексико и САД се фаворити на Голд Купот

Од 15-ти јуни до 7-ми јули Соединетите држави, Јамајка и Хаити ќе бидат домаќини на 15-то издание на Голд Купто, фудбалското првенство на Северна и Централна Америка и Карибите.

Натпреарувањето на членките на CONCACAF зоната се одржува од 1963 година, а според сегашната формула и назив се организира од 1991 година.

Во Групата А играат Мексико, Канада, Мартиник и Куба, во Групата Б се Костарика, Хаити, Никарагва и Бермиду, во Групата Ц се Хондруас, Јамајка, Салвадор и Курасао, а во групата Д се САД, Панама, Тринидад и Тобаго и Гвајана.

Двете најдобри селекции од секоја група се пласираат во четвртфиналето.

Отворањето на Голд Купот е на 15-ти јуни на стадионот „Супер Боул“ во Пасадена со натпревариот меѓу Канада и Мартиник, а финалето е закажано за 7-ми јули на стадионот „Солџер Дилд“ во Чикаго“. Два натпревара од Групата Б ќе се играат во Сан Хозе, во Костарика, а два дуела од групата Ц ќе се играат во Кингстон на Јамајка.

Мексико доаѓа на првенството без најдобрите играчи Хавиер „Чичарито“ Ернандез, Ектор Ерера, Карлос Вела, Ирвинг Лозано и Жезус „Текатито“ Корон, но Жерардо Мартино и натаму има екипа која е главниот фаворит за титулата.

Американците ќе ги предводат играчот за врска Кристијбн Пулисик, и напаѓачот Џози Алтидоре, а како една од ѕвездите на турнирот се смета малдиот канадски напаѓач и член на германскиот шампион Баерн, Алфонсо Дејвис, кој на последниот Голд Куп во 2017 година беше прв стрелец на шампионатот иако имаше само 16 години.

 

ДОСЕГАШНИТЕ ПОБЕДНИЦИ НА ГОЛД КУП

1991 – САД

1993 – Мексико

1996 – Мексико

1998 – Мексико

2000 – Канада

2002 – САД

2003 – Мексико

2005 – САД

2007 – САД

2009 – Мексико

2011 – Мексико

2013 – САД

2015 – Мексико

2017 – САД