Мексико Сити: Полицијата пронашла пет тела

81

Полицијата во северното предградие на Мексико Сити пронашла тела на петмина убиени, соопштиле властите во Мексико.

Телата се фрлени заедно, а на нив се видни рани од огнено оружје, соопштиле службите за безбедност, јавува АП.

Главниот град на Мексико во голем дел беше поштеден од судирите меѓу наркокартелите кои погодија многу региони во земјата, потсетува АП.

Во мај група од 12 млади луѓе беа киднапирани од еден клуб во Мексико Сити и убиени, а тоа го сторила, судејќи според се’, некој од нарко бандите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.