Мексико во страв од протести го отстрани споменикот на Колумбо

Властите на мексиканската престолнина Сиудад де Мехико, стравувајќи од насилни протести против величењето на колонијалното наследство на Мексико, решија да ја остранат статуата на италијанскиот морепловец Кристофер Коломби од центарот на градот.

Споменикот на истражувачот и морепловец отстранет е од авенијата Пасео де ла Реформа во центарот на мексиканската престолнина и е префрлен на реставрирање на друга локација, соопштија викендов градските власти.

Левичарските групи од порано се заканија дека ќе го урнат споменикот на 12-ти октомври, на националниот празник посветен на доаѓањето на Кристофер Колумбо во 1942 година, што предизвикува контроверзии почнувајќи од Северна Америка, каде неговите споменици беа уривани во текот на неодамнешните антирасни протести, главно во САД.

Градоначалничката на Сиудад де Мехико, Клаудија Шејнбаум, повика на јавна дискусија дали воопшто треба да биде вратен споменикот на Колумбо по реставрирањето. Следната година ќе се одбележат 500 години од освојувањето на територијата на денешно Мексико од шпанските конквистадори.

Во многу градови во светот приврзаниците на неолиберланите политики и на радикалните левици годинава започна трендот на уривања на историски личности кои се доведуваат во поврзаност со колонијалното и робовладетелско минато. Така, во САД беа уривани спомениците и на генералите на Конфедерацијата на јужните држави од времето на граѓанската војна.

Таквиот тренд се прелеа и во Европа, каде што демонстрантите се нафрлија на спомениците на историските личности кои се јавуваат и како донатори и основачи на многу научни и образовни институции кои денес се меѓу највлијателните во светот. Тоа ја предизвика атмосферата на остра полемија за колонијалното минато на земјите во Западна Европа, како Велика Британија, Белгија, Франција, Холандија, Шпанија, Португалија, па и Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.