Поранешниот генерален секретар и советник во Владата Драги Рашковски е на одмор во Мексико.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дали Рашковски ќе биде во карантин по враќањето од доморот.
-Не би сакал да коментирам индивидуални одлуки. Карантин од 14 дена е препорачан за луѓе коишто патуваат во земји на африканскиот континент. Причина за тоа е евентуална трансимија на вирусот така наречен јужноафиркански, која што варијанта се карактиризира по тоа што многу побрзо се пренесува и се уште не се знае ефектот на вакцините на овој сој, изјави Филипче.
Според известувањата Мексико во 4-то ниво на Ковид-19 или многу високо, а тоа значи дека оваа земја спаѓа во високо ризичните во однос на пандемијата на коронавоирус, а министерот Филипче ова го избегна да го каже на прес-конференцијата. Со вештиотр одговор се обиде да ги убеди новинарите дека Мексико спаѓа во безбедните земји.
Така, за оние што ќе се одлучат да патуваат во оваа држава, Центрите за контрола и превенција на болести wwnc.cdc.gov препорачуваат да не патувате во овој момент, со назнака дека патниците треба да ги избегнуваат сите патувања во Мексико. Потоа се набројуваат мерките кои треба да ги преземете ако мора да патувате.