Меланија Трамп пак блесна во бела комбинација за посебен настан

Меланија и Доналд Трамп присуствуваа на одбележувањето на 100-годишнината од потпишувањето на Прокламацијата, со што им се овозможи на американските жени да гласаат на избори.

За оваа пригода, Меланија Трамп избра бел тесен сет што ги истакна нејзините облини и витка линија. Бидејќи монохроматскиот стил, како и белата боја се во тренд, ова издание е за чиста десетка според модните критичари, кои се одушевени од неа во континуитет.

Во комбинацијата во бела боја, беа елегантно вметнати ремен во пепито дезен и салонки, за контраст. Како и вообичаено, нежните бранови на нејзината фризура и минималистичката шминка го красеа нејзиното лице.

На социјалните мрежи се појавија коментари дека оваа модна комбинација е добро планирана, за да првата дама остави впечаток на скромна личност. Таа веќе се појави во многу слична комбинација на оваа и во 2018 година.