6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Меланија Трамп се огласи по позитивниот тест на коронавирус

Првата дама на САД, Меланија Трамп се огласи на Твитер откако стигна потврда дека таа и Доналд Трамп се позитивни на коронавирус.

-Како што направија голем број Американци претходно годинава, претседателот и јас сме во карантин откако бевме тестирани позитивно на коронавирус. Се чувствуваме добро, ги откажав сите планирани активности. Ве молам, останете безбедни, низ сето ова ќе поминеме заедно, напиша Меланија на Твитер.

Трамп и неговата сопруга се повлекоа во карантин откако неговата советничка Хоп Хикс доби позитивен резултат на Ковид-19. Тие се тестираа и исто така добија позитивни резултати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.