Прославен 32. охридски бал во Мелбурн

Прославен 32. охридски бал во Мелбурн

Со 450 гости, иселеници од Охрид и Македонија на петтиот континент, Охридското социјално друштво Свети Наум Охридски во Мелбурн, Австралија, на 32-иот традиционален охридски бал, деновиве го одбележа својот патронен празник и заштитник Свети Наум Охридски.

melburn-iselenici-bal

 

Претседателот на друштвото, Васко Ангеловски, потврди дека средствата собрани на прославата ќе се донираат за помош на геријатрискиот оддел во Охридската болница, во рамките на хуманитарните активности за помош на татковината и сограѓаните, за што годинава во проектот „Македонија памети“, охридското друштво ја доби Повелбата на Република Македонија за македонските иселенички организации од претседателот на Макединија, Ѓорѓе Иванов.

Ангеловски порача дека друштвото и натаму ќе работи на афирмација на македонската кауза, негување и чување на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиции во Австралија.

melburn-iselenici-bal.png1

 

На средбата на охриѓани и Македонците во Мелбурн, која беше поздравена од Бети Коруновска, конзул на Република Македонија во Мелбурн, а поддржана од градежната компанија Адора инженеринг, гостите се забавуваа со македонската песна на познати естрадни уметници и виртуозот на виолина Зоран Џорлев од Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.