Мелбурн повторно најдобар град за живеење во светот

Австралискиот Мелбурн седма година со ред е проглсен за најдобар град за живеење во светот, додека Сиднеј повторно не влезе во првите десет поради стравувањата од тероризам, објави Economist Intelligence Group.

Во извештајот се рангирани 140 градови во светот според критериумите за стабилност, здравствена грижа, културните содржини и заштита на природната средина, образованието и инфраструктурата.

Меѓу првите десет градови во ова рангирање се австриската престолнина Виена, Ванкувер и Калгари во Канада, Австралија е застапена уште со Аделаида и Перт, Окленд на Нов Зеланд, финската престолнина Хелсинки и германскиот пристанишен град-сојузна држава Хамбург.

Мелбурн, вториот најголем австралиски град и престолнина на сојузната држава Викторија, ги добил највисоките оцени за здрвствената грижа, образованието и инфраструктурата.
Градоначалникот Роберт Дојл изјави дека станува збор за големо постигнување со коишто сите жители треба да се гордеат, но и напомена дека тоа не значи и дека градот е совршен.

„Ќе продолжиме многу да работиме секојдневно за Мебурн да биде уште подобар и за да создадем поправедна, посигурна и посилна држава за сите нејзини граѓани“, изјави премиерот Даниел Ендрјуз.

Сиднеј, најголемиот град во Австралија, поради терористичките закани втора година по ред се наоѓа на 11-то место во споменатото рангирање.

Меѓу најлошите градови за живеење во светот, пак, се сириската престолнина Дамаск, Лагос во Нигерија, либискиот главен град Триполи, Дака и Порт Морезби на Папауа Нова Гвинеја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.