Мелбурн во шестнеделен целосен карантин поради коронавирусот

Мелбурн, вториот по големина град во Австралија, повторно ќе биде ставен под целосен карантин поради зголемување на случаите со коронавирус, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.

Како што пренесуваат светските агенции, повторното воведување на ограничувањата за излегување од дома ќе биде за шест недели.

– Ситуацијата со коронавирусот сега е покомплицирана од пред неколку месеци, рече Ендрус, потенцирајќи дека „мора да се преземат строги мерки за да се избегне трагедија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.