Мелбурн во шестнеделен строг карантин

Австралискиот втор наголем град Мелбурн влезе во четвртокот во првиот ден од шестнеделниот карантин и најголем број од продавниците и канцелариите се затворени, поттикнувајќи ги стравовите околу недостиг од храна, додека властите се справуваат со вториот бран од пандемијата на коронавирусот.

Продавниците се затворени и улиците се пусти во Мелбурн во кој живеат пет милиони луѓе, престолнината на австрилската сојузна држава Викторија, која во последните 24 часа забележа 471 случај на зараза со коронавирусот и осум смртни исходи поврзани со Covid-19.

Австралија до моментов има вкупно потврдени околу 20.000 случаи на заразата и 255 починати лица, што е сѐ уште далеку помалку отколку во другите развиени земји.

Меѓутоа, растот на заразите во државата Викторија се заканува да се прелие и на остатокот од земјата. Државата Нов Јужен Велс завележа во средата 12 нови склучаи на коронаинфекции, или вкупно 483 од почетокот на пандемијата.

„Еднаш веќе ја израмнивме оваа крива, повторно ќе ја израмниме“, изјави за медиумите минситерот за здравство Грег Хант.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјуз ги повика жителите на Мелбурн, кои веќе со седмици живеат со малку поблаги мерки на карантинот, да останат мирни и покрај зголемената побарувачка на основните продукти во супермаркетите.

„Нема потреба луѓето да прават купови од резервите со храна за повеќе месеци“, изјави Ендрјуз за новинарите.

Кланиците се едни од ретките компании на коишто им е дозволено да останат отворени во Мелбурн, иако со намалена работна сила.

„Се обидовме да воспоставиме рамнотежа меѓу намаленото движење, со што го намаливме бројот на случаите, но без загрозување на она што на граѓаните име е потребно на рафтовите во супермаркетите“, додаде Ендрјуз.

Стапката на невработеноста на национално ниво ќе се зголеми на околу 10 отсто, благодарејќи на повторните рестриктивни мерки во државата Викторија, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

„Овие мерки ќе имаат многу занчаен негативен ефект за нашето закрепнување“, рече Морисон.

По затворањето на меѓународните граници, воведувањето на карантинот во градовите и започнување на кампањата за масовно тестрирање, Австралија во јуни повторно се отворри со дневен раст на заразата кој тогаш беше изразен во едноцифрени бројки.