Мемфис ја остварија наголемата победа во историјата на НБА лигата

Кошаркарите на Мемфис Гризлис ја остварија рекордната победа во историјата на НБА лигата откако во средбата со Оклахома Сити Тандерс славеа со дури 73 коша разлика односно 152:79.

Гризлис во еден момент од натпреварот имаа и 78 коша предност, а на крајот сепак завршија со „само“ 73 разлика. Досегашниот рекорд му припаѓаше на клубот Кливленд Кавалирс кои во декември 1991 година ги совладаа Мајами Хирс со 68 коша разлика, со резултат 148:80.

Освен со наголемата победа во НБА историјата, Мемфис со 152-те поеини го постави рекордот на оваа франшиза според бројот поени на еден меч, а дури девет играчи на екипата мечот го завршија со двоцифрен број поени. Најефикасен беше Џарен Џексон со 27 коша, Деантони Мелтон постигна 19, а Санти Алдама 18 коша со 10 скокови.

Кај Тандерс најефикасен беше Лугуенз Дорт со 15 коша. Гостите играа без своите два најдобри играча, Шеј Гилџес-Александер и Џош Гиди, но тоа не може да биде оправдување за катастрофалниот пораз.

Рекорд оставарија и Феникс Санс кои ги совладаа Детроит Пистонс со 114:103 впишувајќи ја 18-та последователна победа, што е рекордна серија триумфи во историјата на клубот од Аризона. Санс немаат пораз од 27-ми октомври, кога Харисон Барнс во последната секунда погоди „тројка“ за победата на Сакраменто Кингс од 110:107.

Камерон Џонс и Камерон Пејн имаа по 19 коша и 6 скокови, додека Деандре Ејтон впиша 17 поени и 12 скокови, а Крис Пол 12 коша и 12 асистенции. Кај Пистонс, кои го забележаа и 8-от последователен пораз, најефиксен беше Џереми Грант со 34 коша.

Актуелните прваци Милвоки Бакс без полесно повредениот Јанис Адетокумбо загубија на гостувањето кај Торонто Рапторс со 93:97 прекунувајќи ја низата од осум победи.

Фред Ванвлет го предводеше победничкиот тим со 29 коша, додека Паскал Сиекам постигна 20 коша со 8 скокови. Кај Бакс најефикасен бепше Џру Холидеј со 26 коша, а Крис Мидлтон додаде 22 поени.

Интересен натрпевар во „Медисон Сквер Гарден“ одиграа Њујорк Никс и Чикаго Булс, а на крајот славеа гостие со 119:115.

Билс во првото полувреме имаа предност од 20 коша, но Ниск се вратија во мечот намалувајќи на само поен заостанување (78:79). Во неизесната завршница победата сепак им припадна на Булс кои ги предводеше Демар Дерозан со 34 коша и 6 скокови, Зак Лавин со 27 коша, 7 скокови и 5 асистенции, и Никола Вучевиќ со 27 поени и 7 скокови. Кај Никс најдобар беше Џулиус Рендл со 30 коша и 12 скокови.

РЕЗУЛТАТИ

Њујорк Никс – Чикаго Булс 115:119
Торонто Репторс – Милвоки Бакс 97:93
Мемфис Гризлис – Оклахома Сити Тандерс 152:79
Феникс Санс – Детроит Пистонс 114:103
Портланд Трејл Блејзерс – Сан Антонио Спарс 83:114

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантик дивизија
1. Бруклин Нетс 15 6 .714 —
2. Бостон Селтикс 12 10 .545 3 1/2
3. Њујорк Никс 11 11 .500 4 1/2
3. Филаделфија 76ерс 11 11 .500 4 1/2
5. Торонто Репторс 10 13 .435 6

Централна дивизија
1. Чикаго Булс 15 8 .652 —
2. Милвоки Бакс 14 9 .609 1
3. Кливленд Кавалирс 12 10 .545 2 1/2
4. Индијана Пејсерс 9 15 .375 6 1/2
5. Детроит Пистонс 4 18 .182 10 1/2

Југоисточна дивизија
1. Вашингтон Визардс 14 8 .636 —
2. Мајами Хитс 13 9 ,591 1
3. Атланта Хокс 12 10 .545 2
4. Шарлот Хорнетс 13 11 .542 2
5. Орландо Меџикс 5 18 .217 9 1/2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Пацифичка дивизија
1. Феникс Санс 19 3 .864 —
2. Голден Стејт Вориорс 18 3 .857 0 1/2
3. Лос Анџелес Лејкерс 12 11 .522 7 1/2
4. Лос Анџелес Клиперс 11 11 .500 8
5. Сакраменто Кингс 9 14 .391 10 1/2

Југозападна дивизија
1. Далас Маверикс 11 9 .550 —
2. Мемфис Гризлис 12 10 .545 —
3. Сан Антонио Спарс 7 13 .350 4
4. Њу Орлеанс Пеликанс 6 18 .250 7
5. Хјустон Рокетс 5 16 .238 6 1/2

Северозападна дивизија
1. Јута Џез 14 7 .667 —
2. Минесота Тимбервулфс 11 11 .500 3 1/2
3. Портланд Трејл Блејзерс 11 12 .478 4
4. Денвер Нагетс 10 11 .476 4
5. Оклахома Сити Тандерс 6 16 .273 8 1/2