Менаџерот на Јунајтед летна во облаци

Дека лесно лета во облаци без да заслужи, најголемиот виновник за очајните резултати на Манчестер Јунајтед,  Дејвид Мојс, покажа и со изјавата дека неговиот тим може да го освои победничкиот пехар во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

„Во зависност од противникот, можно е Манчестер Јунајтед да важи за аутсајдер во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони. Сепак, јас сум голем оптимист, мислам дека Манчестер Јунајтед може да слави во ова натпреварување, дека го имаме тоа што е потребно, дека го имаме потребниот капацитет. Ако одиграме како што знаеме, ако го искористиме нашиот потенцијал, тогаш можеме да бидеме и повеќе од сериозна пречка за било кој противник во Лигата на шампиони. Се надевам дека ќе успееме, дека можеме да славиме во ова натпреварување”, изјави Мојс.