(ФОТО) Менкиноски бил адвокат на Заев, дали тогаш на СДСМ им сметаше

Адвокатот Тони Менкиновски е истакнат партиски функционер на ВМРО ДПМНЕ, дел е од правната комисија, а лидерот Христијан Мицкоски му ја доверува улогата на главен партиски преговарач. Менкиновски беше дел од тимот на ВМРО ДПМНЕ кога власта и опозицијата го договараа носењето на Законот за Јавно обвинителство, кога опозицијата, а вклучително и Менкиновски се противеа на неговото изгласување во парламентот, објавува Нова ТВ.

Понатаму во освртот се вели дека сите предлози кои Менкиновски ги имал во врска со законот оделе во насока како да се затворат предметите на СЈО и како неговите партиски колеги да се спасат од одговорност за криминалот и корупцијата. Денеска, кога тој се појави во судот за да го брани Орце Камчев, осомничен за перење пари и со спремен план за бегство, станаа појасни некои работи. Имено, јасно е зошто Менкиновски и ВМРО ДПМНЕ не сакаа нов Закон за јавно обвинителство преку кој се овозможи продолжување на постапките за предметите на СЈО. И тоа, дека уште еднаш се потврди релацијата на Камчев со Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

Во изјавата пред судот Менкиновски сакаша да ја дефокусира јавноста со пласирање неточни информации за случајот со Орце Камчев. Коментираше дека истрагата е назаконска затоа што траела 30 месеци, иако вистината е дека истрагата трае само неколку месеци, а периодот за кој што зборува Менкиновски била предистрагата. Потоа, тврдеше дека Камчев е приведен за некакво дело со изборни измами иако вистината е дека бизнисменот заврши во притвор за перење пари.

Избеганиот премиер Никола Груевски незаконски си присвоил најмалку 1,3 милиони евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ додека бил претседател на партијата и потоа со тие пари си купувал плацеви на Водно. Според истрагата, на Груевски во перењето на нелегално стекнатите пари му помагале Мијалков и Камчев, кои се второосомничен и четвртоосомничен. Новачевски е третоосомничен. Груевски во периодот од 2006 до 2012 година, дел од донациите за финансирање на партијата ги примал лично и не ги прикажувал како примени донации во финансиските извештаи на партијата и на тој начин присвоил најмалку 1.300.360 евра.

Покрај ова, Камчев е осомничен и во делото „Империја“ каде што заедно со други десетина лица незаконски граделе финансиска парамида, переле пари, пренесувале нелегални средства по сметки…

Ние само ќе прашаме, кога Менкиноски беше адвокат на Заев, дали тогаш на СДСМ им сметаше?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.