20 C
Skopje
вторник, јуни 2, 2020

Мерцедес ќе дели откази на менаџерите, нема добри вести ниту за 300 000 работници

312

Како и поголемиот дел од автомобилската индустрија, и Дајмлер се бори со опаѓањето на продажбата  како резултат на рецесијата, а има и стандардни проблеми како повлекување на модели и казни за дизел моторите со прекумерна емисија.

Еден од начините за борба против ваквите проблеми е да се заштеди, што во превод значи затегнување на ременот за работниците, како и за менаџерите. Во Дајмлер товарот на рецесијата веројатно ќе го почувствуваат сите вработени. Со овој план за штедење , Дајмлер ќе го намали бројот на раководни позиции за 10% или ќе отпушти околу 1100 вработени на раководни позиции. Покрај тоа, месечниот додаток за останатите 300.000 работници во Германија ќе биде замрзнат. Веста беше објавена од германскиот „Зидојче Цајтунг“, а потврдата дојде и од Ханделсблат и германската новинска агенција ДПА.

Дејмлер засега ги демантира отпуштањата, но веста се очекува да ја објави во четврток првиот човек Ола Калениус . Наводно, тој ќе ги замоли работниците да не бараат покачување на платите до следното известување, сè додека не се отстранат последиците од споменатите проблеми со дизел моторите , скапите повлекувања на модели и пазарните предизвици.

Познато е дека трошоците за повлекувањето на 60.000 примероци на дизел моделот GLK, поради преголема емисија достигнаа 2,6 милијарди евра. Значи, не треба да изненадува што во вториот квартал Дајмлер претрпе минус од 1,2 милијарди евра, за прв пат по десет години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.