Мерцедес излетал од патот Свети Николе-Скопје, тешко е повреден возачот

На 24.12.2022 во 18.45 часот било пријавено дека во близина на с.Горобинци, во правец од Свети Николе кон Скопје, патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.М.(45) од Свети Николе, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.