Мерил Стрип добитничка на престижната награда Принцезата од Астурија

Американската актерка Мерил Стрип, трикратна оскаровка, во средата ја освои една од најпрестижните награди во шпанското говорно подрачје Принцеза од Астурија за, како што е навдено во објаснувањето, „незаборавни интерпретации на сложени женски ликови“ во кариерата долга повеќе од педесет години. .

Жирито ѝ ја додели наградата на 73-годишната актерка во категоријата уметност, се додава уште во соопштението за јавноста.

„Искреноста и одговорноста што ги внесува во изборот на нејзините улоги според инспирирани и внимателно избрани предлошки ги надминуваат границите на филмското платно“, се додава во соопштението.

Трикратната добитничка на најпрестижната филмска награда Оскар, Стрип се појави во повеќе од 60 филмови, добивајќи статус на икона за улоги кои се движат од мајка која преживеала нацистички логор до мајка која пее песни од ABBA.

Последниот Оскар го доби во 2012 година за улогата на легендарната британска премиерка Маргарет Тачер во филмот „Железната леди“. Пред тоа го доби во 1980 година за драмата „Крамер против Крамер“ и во 1983 година за „Изборот на Софија“.

Наградата на Принцезата од Астурија во износ од 50.000 евра е една од осумте што ги опфаќа уметноста, науката и другите области, а секоја година ја доделува фондацијата именувана во чест на принцезата Леонор, наследничка на шпанскиот престол.

Меѓу претходните добитници на наградата во областа на уметноста се американските режисери Мартин Скорсезе и Френсис Форд Копола, австрискиот режисер Михаел Ханеке и американскиот архитект Френк Гери.

Наградата на Стрип ќе ѝ биде врачена на церемонија организирана од шпанскиот крал Фелипе Шести, а во октомври ќе биде пренесувана во живо на шпанската телевизија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.