Мерката за К-15 во администрацијата е класичен поткуп, во буџетот за 2020 година не се предвидени пари

151

Заменик министерката за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски, во интервју за порталот Економски лидер вели дека најавата на министерот Дамјан Манчевски за доделување на к-15 на државната и јавната администрација е класичен поткуп на гласачите во предизборниот период, потенцирајќи дека во буџетот за 2020 година не се предвидени средствата за доделување на к-15 на вработените.

Мерката која што ја презентираше Дамјан Манчевски за К-15 на вработените во државната и јавната администрација во предизборниот период е класичен поткуп на гласачите, а истото го кажа и Државната комисија за спречување на корупција. Но, Манчевски заборави да каже дека Министерството за финансии има негативно мислење за ова и тоа од министерката од СДСМ и овие средства не се предвидени во Буџетот за 2020 година, вели Стаменковска Стојковски.

На прашањето како ВМРО-ДПМНЕ ќе го надмине проблемот со администрацијата, Стаменковска Стојковски нагласи:

Она што ќе си го земам како обврска е да проверам точен број на вработени во секоја институција и нивна потреба, бидејќи имаме институции каде што е навистина потребен дополнителен кадар поради зголемен обем на работа, но има и институции каде што заради партиски цели СДСМ вработи премногу луѓе за кои што реално нема потреба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.