Мерката за минимална плата нема да помогне, во моментов компании немаат никаков приход

Вечерва во емисијата „Само интервју“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека луѓето приходуваат со нула денари и мора под итно да се помогне.

Опозицискиот челник притоа оцени дека мерката на Владата со минимална плата нема да помогне.

„Луѓето приходуваат со нула, луѓето создале бизниси, се позајмиле со кредити, позајмиле пари, направиле бизниси. Бизнисот им приходува, да го сервисираат заемот, да исплатат плата и да им остане за живот. Немаат пари под перница“, нагласи Мицкоски.

Исто така појасни и дека изземањето на фирмите кои веќе поделиле дивидената од помошта ќе придонесе некои од нив да замрат.

-Ништо од тоа нема да биде. Од тоа ништо нема да биде. Зошто? Затоа што прво, голем број од тие фирми на почеток од оваа година и на крајот од минатата фискална година поделија дивиденда. Тоа значи дека немаат право да бидат корисници на оваа помош, појасни Мицкоски.

Мицкоски образложи дека Владата сега сака да го оправда тоа со ефективните часови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.