Меркел ја одбила понудата на Гутереш за работа во ОН

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел одбила ангажман во Обединетите нации, кој ѝ го понудил генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш.

Гутереш ѝ предложил на Меркел да претседавал со советодавното тело коешто го сочинуваат поранешни шефови на држави и влади, пишува германската новинска агенција DPA во средата повикувајќи се на извори од ОН.

„Меркел минатата седмица разговараше со генералниот секретар на ОН, му се заблагодари и му одговори дека нема да ја прифати понудата“, потврдиле за DPA од канцеларијата на поранешната канцеларка.

Шеесет иседумгодишната Меркел уште пред септемвриските германски парламентарни избори најави дека нема да се кандидира за нова должност во партијата, како и дека по 16 години на канцеларската должност се повлекува од политичкиот живот.

Меркел воопшто многу малку во јавнсота зборуваше за своите планови откако ќе се повлече од канцеларската позиција.

Советодавното тело, каде што место на Меркел ѝ предложил Гутереш, е еден од главните реформски проекто на актуелниот генерален секретар на ОН во неговиот втор мандат, кој започнува во јануари.

Овој панел, според замислите, би требало да ги идентификува глобалните јавни дробра и другите области од заеднички интерес, во коишто се пкажало дека е најпотребно унапредување на управувањето со нив. Панелот, исто така, би требало да ги предлага начините како сето тоа да се постигне. Пример за таквно јавно добро, на пример, се озонската обвивка околу Земјата или прашањето за безбеднсот на летовите, како и глобалната трговија.