Меркел: Ако се исполни договореното санкциите кон Русија ќе се повлечат

Германската канцеларка Ангела Меркел побара денеска во Бундестагот итно стапување во сила на санкциите на Европската унија против Москва и истовремено побараи укинување доколку Русија исполни договори од план од 12 точки за прекин на огнот во источна Украина, пишува МИА.

– По повод актуелната ситуација се залагаме сега да се објават тие санкции, изјави Меркел и изрази надеж дека за тоа многу брзо ќе се одлучи.
Меркел додаде дека тие санкции спрема Русија може да се повлечат доколку се исполни договореното и оти би се вовеле само ако се неопходни.

– Ако 12 точки суштински се исполнат ние ќе бидеме први кои новите санкции повторно ќе ги укинат, нагласи Меркел. Таа вели дека патот за надминување на украинската криза е се уште долг. Државите од ЕУ во петокот донесоа одлука за заострување на санкциите спрема Русија но нивното активирање е одложено заради договор за прекин на огнот во источна Украина