12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Меркел апелира за итен прекин на огнот во Нагорно Карабах

Германската канцеларка Ангела Меркел повикала итно да се прекине огнот во Нагорно-Карабах, каде жестоки борби водат азербејџанските сили и ерменските сепаратисти.

Ангела Меркел имала одвоени телефонски разговори со лидерите на Азербејџан и Ерменија.

„Канцеларката ја нагласи итноста за моментален прекин на огнот и враќање зад преговарачка маса“, се наведува во соопштението од нејзината канцеларија.

Жестоки битки меѓу азербејџанските сили е ерменските сепаратисти во Нагорно-Казарабах продолжија утрово.

Азербејџан тргна во нова офанзива на само неколку часа пред закажаниот итен состанок на Советот за безбедност на ОН.

Официјалниот биланс од борбите до денес е 95 загинати, меѓу кои 11 цивили, девет од Азербејџан и двајца од ерменска страна.

Вистинскиот биланс би можел да биде полош бидејќи и двете страни тврдат дека убиле стотици непријателски војници.

Ерменија и Азербејџан со децении се борат околу Нагорно-Карабах, област до мнозинско ерменско население која во текот на советската ера е припоено со Азербејџан.