Меркел: Целта ни е да ја минимизираме штетата од брегзитот

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази во средата жалење поради одбивањето на британскиот парламент да го прифати договорот за излегувањето од Европската унија што го договори премиерката Тереза Меј, но ја отфрли можноста од натамошно преговарање за овој документ.

„Ние засега сакаме да ја намалиме настанатата штета, а штетата во секој случај ќе настане со излегувањето на Велика Британија, на најмалата можна мера. Затаоа и натаму ќе бараме решенија за контролираното излегување на Велика Британија од Европската унија“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во средата, во пресрет на состанотко на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот.

Меркел, меѓута, ја отфрла можностра за нови преговори за содржината на договорот за брегзитот. „Канцеларката истовремено напомна дека нема да се противи на разговорите за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија“, рекол за Reuters неименуван владин извор.

Германската влада, меѓутоа, е подфготвена и на неуредено излегување на Обединетото Кралство од ЕУ. Меркел, која доаѓа од Христијанско-демократската унија (CDU) на британската премиерка Тереза Меј и` порачува дека „сега нејзе и` е редот да ни каже како натаму“.

Германскиот министер за надворешни работи, Хејко Маас, кој доаѓа од Социјалдемократската партија на Германија (SPD), им порача на Британците што поскоро е можно да кажат кои се следните чекори. „Времето за игри е зад нас“, рече Маас за јавниот сервис Deutschlandfunk.

Германскиот министер за економија, Петед Алтмаер (CDU), предупреди на последиците од хаотичното британско напуштање од Унија. „Сите би биле губитници, а особено Британците. Тоа негативно се одрази на благосостојбата, работните места, и стабилноста“, рече Алтмаер за јавниот сервис ZDF.