Меркел допатува во посета на Грција

136

Германската канцеларка на заминување Ангела Меркел во четвртокот вечерта допатува во Атина, во својата последна канцеларска посета на Грција.

По пристигнувањето предвидена е приватна вечера со грчкиот премиер, а во петок на распоредот се повеќе настани, како и нова средба со Киријакос Мицотакис со кој ќе дадат заедничка изјава за јавнсота.

Односите во Грција кон Германија и особено кон Меркел се поделени, многумина не можат да ѝ го простат цврстиот став во текот на тешката финансиска криза кога на Атина ѝ беа наметнати строги мерки за штедење.

Мицотакис, како челник на конзервативната Нова демократија е поблизок на демохристијаните на Меркел отколку другите грчки партии, но и тој е критичен во однос на споменатата фаза од германко-грчките односи.

„Таа ќе биде првата којашто тоа ќе го признае, а веќе и кажа, дека барала премногу од Грците во текот на кризата. Политиката на штедење одеше многу поадлеку од она што грчкиот народ можеше да го поднесе“, рече Мицотакис во неодамнешно интервју.

Меркел и самата ја опиша грчката финансиска криза, којашто стана и криза на еврото, како еден од најголемите предизвици во нејзините четири мандати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.