Меркел доживеа незгода во ресторан

Меркел со сопругот
Меркел со сопругот

Меркел доживеа незгода во ресторан, но за среќа остана неповредена. Таа доживеала непријатна сигуација на паузата од изведувањето на Вагнеровата опера „Тристан и Изолда“, пренесуваат странските медиуми.

Меркел завршила на подот во ресторанот. Кога сакала да седне, столицата се распаднала. Канцеларката се обидела да седне на столицата во ресторанот, па столицата се распаднала и Меркел завршила на под, но за брзо време станала.

Весникот „Билд“ пишува дека откако Меркел доживеа незгода, таа неколку минути не била при себе, а потоа застанала на нозе со помош на луѓето што биле околу неа.

Други медиуми пак наведуваат дека за среќа Меркел не се поврдила, а од ресторанот веднаш и дале друга столица.

Инаку, според многумина Меркел е една од најмоќните жени во светот. Таа беше клучна фигура во решавањето на должничката криза во Грција, додека гласините за наводното напуштање на Грција на еврозоната ја тресеа светската економија.

Ројтерс минатиот месец јавуваше дека при евентуаелн „грегзит“ дека најверојатно Германија ќе сноси поголема вина од било која друга европска земја.

Дел од медиумите пишуваа дека најголемиот страв на Меркел е дека ќе биде обвинета дека ја „растурила Европа“ по трет пат за еден век.