Меркел: ЕУ треба да заземе единствен став кон Кина

Германската канцеларка Ангела Меркел во Парламент изјави дека еден од најголемите опасности е секоја европска земја да ја води својата политика и Европејците да испраќаат спротивставени сигнали.

– Тоа не би било катастрофално за Кина, но би било погубно за нас во Европа, истакна Меркел, наведувајќи како пример безбедносните стандарди за 5Г мобилната мрежа.

Таа истакна дека Пекинг ќе мора да се соочи со критиките за прашањата кои се поставуваат кон малцинството.

Германската канцеларка посочи дека постои „конкуренција на системот“ во Европа и во Кина и оти не знае дали „одговор на конкуренцијата на системот… може да биде изолација“.