Меркел: Германија е во уникатна и исклучителна ситуација поради коронавирусот

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени во четвртокот вечерта по кризниот состанок со премиерите на сојузните покраини посветен на новиот тип коронавирус, дека земјата се наоѓа во единствена и исклучителна ситуација.

„Ситуацијата е уште поневообичаена отколку во времето на банкарската криза. Нашата задача е да ги спасиме човечките животи, но и да се погрижиме економијата да функционира. Ова е сѐ, само не и уште една мала епизода во историјата на нашата земја. Ова е рез кој од секој нас изискува многу“, рече канцеларката Меркел и додаде дека со премиерите на 16-те сојузни германски покраини договорила специјални мерки во справувањето со ширењето на коронавирусот.

„Во договор со премиерите на сојузните земји заклучивме дека не би требалода има манифестации и собири и со помалку од 1.000 луѓе. Вооптшто би требало да се избегнуваат социјалнтие контакти секаде каде што тоа е можно“, рече уште Меркел.

Германската канцеларка не го исклучи и привременото затворање на сите училитша и детските градинки во земјата, и тоа веќе пред Велигденските празници.

„Привременото затворање на училиштата и градинките е опција за да се забави ширењето на заразата“, рече уште Меркел. Истовремено истакна дека одлуката за тоа ја носат самите сојузни земји во чијашто надлежност е политиката во образованието.

Германската канцеларка на прес-конференцијата со баварскиот премиер Маркус Зедер, кој во моментов претседава со собирот на премиерите на сојузните покраини, вети и „брза и небирократска“ помош за економијата.

„Ќе се погрижиме уште во петок да донесеме нови правила за скратеното работно врме“, рече Меркел. Овие мерки би им помогнале на претпријата полесно и побрзо воведување на скратеното работно време со финансиска помош од сојузната влада.

Баварскиот премиер Зедер, пак, најави дека денеска донесените мерки ќе бидат на сила до после Велигденските празници. Исто така, истакна дека ситуацијата е сериозна.

„Зборуваме за следните четири до пет седмици. По Велигденските празници повторно ќе се сретнеме за да ги разгледаме натамошните мерки… Светот со коронавирусот е поинаков. Ова е едно големо искушение за нашата земја“, рече Зедер.

Референтниот епидемиолошки Институт „Робер Кох“ во четвртокот вечерта извести за зголемување на бројот на заразените во Германија. Во моментот, според овие податоци, има 2.369 заразени, а во средата во истиот период од денот ги имаше 1.567. Бројот на починатите од последиците од коронавирусот се зголеми на 6, од кои четири во округот Хејнсберг на крајниот запад на земјата,

Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, во четвртокот попладнето најави одложување на вонредниот партиски конгрес закажан за 25-ти април, на кој требаше да се избере наследникот на Анегрет Кремп-Карембауер на позицијата лидер на партијата.