Меркел ги повика гласачите да го изберат Лашет „за Германија да остане стабилна“

Германската канцеларка на заминување Ангела Меркел ги повика во петокот сонародниците избирачи да го дадат гласот за Армин Лашет, кандидатот за нејзин наследник на канцеларската должност на нејзината владејачка партија Демохристијанско-демократската унија (CDU) за Германија да „остане стабилна“, два дена пред парламентарните избори.

„За Германија да остане стабилна, Армин Лашет мора да стане сојузен канцелар“, рече Ангела Меркел на собирот на партијата во Минхен пред изборите во недела за кои анкетите предвидуваат тесна борба меѓу социјадемократите предводени од фаворитот Олаф Шолц и конзервативците.

„Не е неважно кој управува со Германија. Можете ли да замислите црвено-црвено-зелена влада?“, предупреди Меркел на сценариото доколку победи Шолц кој води убедливо во анкетите пред функционерите и приврзаниците на Унијата CDU/CSU во Минхен на последниот предизборен настан во кампањата.

Меѓу можните опции за идните коалиции не е исклучен сојузот во медиумите препознатлив како „црвено-црвено-зелени“, според партиските бои, меѓу Социјадемократската партија на Германија (SPD), партијата на радикалната левица Левица (Die Lienke) и левичарските Зелени (Die Grünen).

Сепак, ваквата коалиција и не е најверојатна, бидејќи постојат многу идеолошки разлики меѓу трите партии. Меѓутоа, конзервативците кои ја намалија разликата зад социјалдемократите во анкетите, таквата можност ја искористија за мобилизирање на своите гласачи, како и за привлекување на нерешителните изборачи кои не сакаат долку и мачни преговори за формирање на идната влада.

Канцеларката Меркел го критикуваше зголемувањето на даноците кое го предвидува социјалидемократскиот кандидат за нејзин наследник, што би можело да ги натера германските компании да ги преместат своите седиште во соседните Австрија или Холандија.

„Тоа не е наша политика“, истакна Меркел и додаде дека претпочита „политика којашто им овозожува на компаниите да останат во земјата и да создаваат работни места тука, за Германија да напредува“.

Канцеларката, исто така, предупреди на опасноста која на Герамнија би ѝ ја донела тргнувањето на „кочницата за задолжување“, а станува збор за своевиден сигурносен механизам кој е вграден во Уставот и го ограничува задолжувањето на државата. Меркел притоа укажа и на опасноста од „задолжената Европска унија“, што би можело да се случи со победа на левичарските партии.

Една од функциите на ткн „сопирачка за задолжувањето“ е и воспоставувањето „генерациска справедливост“, според којашто треба да се избегнува оставањето долгови на следните генерации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.