Меркел го посетила Навални во берлинската болница

26

Германската канцеларка Ангела Меркел го посетила рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за време на опоравувањето во берлинската болница Шарите Мите, што укажува на тоа колку германската канцеларка сериозно и внимателно пристапува кон овој случај.

Портпаролот на Ангела Меркел не сакаше да ги коментира овие информации објавени од германски Шпигел.

Во меѓувреме, шефот на штабот на Навални, Леонид Волков, изјави дека рускиот опозициски политичар се опоравува многу побрзо од очекуваното.

Навални, кој се разболе на пат од Сибир кон Москва на 20 август и беше во кома речиси три недели, беше пуштен минатата недела од болницата во Белин, каде се лекуваше.

– Тој е многу подобар, би рекол неочекувано подобро. Мислам дека закрепнувањето е многу побрзо отколку што се очекуваше, и, се разбира, тоа е добра вест што нè прави среќни, изјави синоќа Волков за телевизијата РТЛ.

Претходно, германските власти соопштија дека Навални бил отруен со силен нервен гас и побараа од Русија да го испита случајот што се случи на нејзина територија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.