Меркел и Французите го поддржа Трамп во врска со Twitter

Германската канцеларка Ангела Меркел е резервирана во поглед на одлуката на челниците на сервисот за микроблогирање Twitter да го суспендираат профилот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави во понеделникот нејзиниот портпарол, додавајќи дека законодавците а не приватните компании би требало да одлучуваат за ограничување на слободата на изразувањата, а републиканскиот челник доби поддршка и од политичкиот врв на Франција.

Изјавата на Штефан Зајберт, главниот портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел, претставува одраз на загриженоста на Берлин и голем дел од Европа поради моќта на социјалните медиуми, како што се Twitter и Facebook да ја формираат јавниот дискурс.

Односите меѓу Меркел и Трамп не беа многу срдечни во текот на четиригодишниот мандат на американскиот челник, па многумина во светот се изненадени од незјината одлука во врска со ова прашање да застане на неговата страна.

Од Twitter трајно му забранија на Трамп користењето на нивната платформа откако неговите приврзаници упаднаа во Конгресот предизвикувајќи повеќечасовен хаос во кој загинаа четворица демонстранти и полицаец, но кој смртно ја преплаши американската политичка елита. Компанијата сопственик на платформата го оправдуваше својот потег дека неговите твитови наводно би можеле да поттикнат уште насилства.

„Правото на слободно мислење има темелна важност. Имајќи го ова предвид, канцеларката смета дека е проблематично тоа што профилите на претседателот (на САД) се трајно суспендирани“, изјавил Зајберт на редовниот понеделнички брифинг со новинарите во Берлин, пренесува Reuters.

Додал дека практиката на Twitter на додавање предупредувања на твитовите на Трамп за кои ќе оценат дека не се точни била сосема доволна, имајќи предвид дека платформата е должна да обезбеди јавниот диксурс да не биде затруен со омраза, лаги или поттикнувања на насилства.

И Facebook, Snapchat и Twitch му го забранија на Трамп користењето на нивните платформи. Тоа дел од американската јавност го смета и за своевидна одмазда на технолошките гиганти во САД поради истрагата од страна на администрацијата на Трамп за нивната преголема доминација на пазарот и можното нарушување на прописите за спречување монополски позиции на пазарот.

Во Германија се многу претпазливи во однос на кршњето на слободата на говорот, делумно и поради искуството со комунистите и нацистите, кои ги користеа насилството и цензурата за да ја освојат или оддржуваат власта.

Политичкиот врв во Франција, исто така, го осуди исклучувањето на Доналд Трамп од социјалните мрежи, пренесува AFP.

Министерот за стопанство, Бруно Ле Мер, порача дека за „регулирањето на дигиталните гиганте не може да биде одговорна само дигиталната олигархија“.

„Шокиран“ од оваа одлука, министерот Ле Мер ја осуди „заканата“ и на оваа „дигитална олигархија“ за „државите и демократија“ и тврди дека „суверените народи, држави и правосудството“ се единствените легитимни за „регулација на дигиталните гиганти“,

Европскиот комесар Тиери Бретон, исто така, изјави дека е „запрепастен“ од одлуката на социјалните медиуми во врска со исклучувањето и цензурирањето на Трамп.

Портпаролот на француската влада, Габриел Атал, оцени дека „замолчувањето“ на една личност на социјалнит мрежи коишто станале „форма на општествениот простор“, проблематично е поради „изостанувањето на критериумот особено на пропишаните со законот“ за такви случаи.

Француската влада се обиде минатата 2020 година по законски пат да го регулира говорот на омразата на интернет, но Уставниот совет во јуни ја отфрли оваа иницијатива, оценувајќи дека зафаќаат во слободата на изразувањето.

Портпаролот Атал со тоа во врска додал и дека „постои разлика меѓу ублажувањето на содржината и оневозможувањето на изразувањето“.

Остро протестираше и француската опозиција, од шефот на радикалната лева партија Непокорена Франција, Жан-Лук Меланшон, до челничката на десната партија Национален собир, Марин Лепен, која оцени дека станува збор за „демонстрирање на сила“ на „големите приватни компании кои сметаат дека се помоќни од државите, што веројатно е и вистина“.

Шефот на северниот француски регионт От-д-Франс, Ксавиер Бертан, кој доаѓа од десната политичка ориентација, повила на „разбивање“ на некои од овие големи компании кои заеднички се препознаваат под акронимот GAFA (Google, Apple, Facebook, Amazon), поради нивната „закана за демократијата“.

Од друга страна, пак, левичарската неолиберална европратеничка Аурора Лалук му се „заблагодари на Twitter“ на неговата одлука „барем еднаш“.