Меркел и’ порача на УЕФА да се однесува одгвороно

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) да се однесува одговорно околу плановите финалето на ЕУРО2020 да се одржи во Лондон, поради загриженоста во врска со ширењето на коронавирусот во Англија.

– Искрено се надевам дека УЕФА ќе покаже одговорен однос во врска со натпреварите на Европското првенство, изјави Меркел.

– Не би сакала на натпреварите да видам преполни стадиони и во целост ги поддржувам напорите на британските власти за спроведување на сеопфатни неопходни хигиенски мерки, додаде германската канцеларка.

Претходно денеска, италијанскиот премиер Марио Драги ја повика УЕФА поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во Велика Британија да го премести одржувањето на финалето на ЕУРО2020 од Лондон во Рим.